Одржан час на тема “Ако знаеш, укажи!” во ДСУЛУД“Лазар Личеноски” – Средно Уметничко Училиште
Претседателката на ДКСК, г-ѓа Билјана Ивановска, на нејзино големо задоволство, на 26.11.2021 година одржа час на тема “Ако знаеш, укажи!” во Средно Уметничко Училиште “Лазар Личеноски”.
Ја истакна важноста на заштитата на укажувачите и важноста да се биде човек со интегритет.
Воедно, ги повика сите средношколци, преку различен вид на уметност (цртежи, графики или кратки стрип приказни), да ни доловат и прикажат на свој креативен начин што значи поимот укажување и заштитата на укажувачите.
Потсетуваме дека најдобрите три дела ќе бидат наградени со стручна литература од областа на графичкото цртање, а рокот за пријава е до 30.11.2021 година, на сајтот transparentnaumetnost.mk.
Ве очекуваме!