Завршна конференција на Проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност на јавната администрација во Република Северна Македонија“
Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваше на завршната конференција на Проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност на јавната администрација во Република Северна Македонија“ која се одржа на 07.11.2022 година во Хотел Холидеј Ин во Скопје, во организација на PwC (PricewaterhouseCoopers).
Со системот за интегритет на јавната администрација, Методологијата за проценка за ризици од корупција, со можноста за анонимно укажување на незаконитости во работењето на одговорните лица во јавните институции, како и системот за електронско следење на реализацијата на Националната стратегијата за спречување на корупцијата и судирот на интереси, проектот „Промовирање на транспрентност и одговорност на јавните институции“ придонесе Државната комисија за спречување на корупција со последниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјата да биде оценета како проактивна институција што им овозможува насоки и поддршка на јавните институции за превенција од корупцијата.
PwC заедно со Програматa за пристап до информации од Бугарија во периодот од ноември 2019 до ноември 2022 го реализираше проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност на јавната администрација во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Комисија, преку ИПА 2 програмата.
Главни корисници на резултатите од проектот беа Државната комисија за спречување на корупција и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Целта на проектот беше да се зајакнат капацитетите на институциите-корисници и да се подобри нивното оперативно работење, за да се придонесе кон зголемен интегритет и подобрена етика на јавните институции, како и подобрена транспарентност и отчетност на јавната администрација.