Договорена соработка со Агенцијата за превенција на корупцијата и координација на борбата против корупцијата на Босна и Херцеговина
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 08.11.2022 година оствари средба со новоизбраното раководство на Агенцијата за превенција на корупцијата и координација на борбата против корупцијата на Босна и Херцеговина (АПИК), односно со Елвис Конџиќ директор на Агенцијата и Дамирка Миоч заменик директор.
Средбата се реализираше на иницијатива на АПИК, во рамките на нивните напори за воспоставување на билатерала соработка со антикорупциските тела од регионот, со цел размена на искуства и добри практики.
На средбата, директорот Конџиќ и заменик директорот Миоч накусо ја запознаа ДКСК со статусот и надлежностите на АПИК и со нејзините тековни и планирани активности.
Разговарано е за искуствата како и за потребните активности во насока на подобрување на заштитата на укажувачите како и за јакнење на свеста за важноста на превенцијата на корупцијата и судирот на интересите.
Потенцирана е важноста на воспоставување и развивање на меѓусебна соработка на антикорупциските тела од регионот имајќи ги во предвид спецификите на државите од Западен Балкан.
Заеднички е изкажана подготвеноста за соработка при што е договорено потпишување на меморадум за соработка во кој ќе бидат дефинирани областите за соработка како и меѓусебната поддршка на двете институции во рамки на регионалните и мултилатералните активности.