Јакнење на системот на интегритет во судовите
На 20-ти август 2025 година, Државната комисија за спречување на корупцијата, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со национални експерти, започна со ревидирање на Политиката на интегритет за судовите.
Покрај јакнењето на системот на интегритет на ниво на централна и локална власт, зајакнувањето на интегритетот во судството е еден од клучните приоритети на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Со оваа активност очекуваме да се поттикне и да се зајакне соработката, транспарентноста и отчетноста.
Со интегритетот во срцето на судскиот систем, помагаме да се зајакне независноста и довербата во правниот систем.
Ова е само уште еден чекор напред во нашата работа на зајаканат интегритет, антикорупција и добро владеење!



