Вие сте овде:

Финансиски извештаи, Претседателски Избори и Предвремени избори за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар 2019 година

Државната комисија за спречување на корупција согласно со својата обврска од член 84-б став (6) од Изборниот законик ги објавува финансиските извештаи со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро - сметката за изборна кампања за втората половина од изборната кампања, што учесниците на изборната кампања на изборите за претседател  на Република Северна Македонија, како и закажаните предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар кои ќе се одржат на 21 април 2019 година, ги имаат доставено до Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со член 84-б став (3) од Изборниот законик.

 

12.04.2019. Државната комисија за спречување на корупција согласно со својата обврска од член 84-б став (6) од Изборниот законик ги објавува финансиските извештаи со спецификација на трошоците за приходите и расходите на жиро - сметката за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до крај на десеттиот ден од изборната кампања, што учесниците на изборната кампања на изборите за претседател  на Република Северна Македонија, како и закажаните предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар кои ќе се одржат на 21 април 2019 година, ги имаат доставено до Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со член 84-б став (1) од Изборниот законик.