Вие сте овде:

ДКСК потпиша Меморандум за соработка со Правен факултет „Јустинијан Први", Скопје

Државната комисија за спречување на корупцијата и Правниот факултет „Јустинијан Први" Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" потпишаа Меморандум за соработка во насока на унапредување и проширување на соработката со научните и образовните институции во Република Македонија.

Државната комисија за спречување на корупцијата и Правниот факултет „Јустинијан Први" Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" потпишаа Меморандум за соработка во насока на унапредување и проширување на соработката со научните и образовните институции во Република Македонија.

Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата  д-р Игор Тантуровски и Деканот на Правен факултет „Јустинијан Први"  проф. д-р Горан Коевски.

На настанот присуствуваа членовите на ДКСК м-р Сузана Таскова Аџикотарева, Сејди Хаљиљи и д-р Фарије Алиу и Продеканот за наука и меѓународна соработка доц. д-р Ирена Рајчиновска Пандева.

Ова е трет Меморандум за соработка со високото образование. Државната комисија за спречување на корупција неодамна потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола.

Со овој Меморандум за соработка се уредува начинот на соработката,  координацијата и водењето на заеднички договорените активности особено во взаемно ангажирање на кадар заради размена на научни знаења и практични искуства во областа на превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси и јакнење на интегритетот, анализи и истражувања на корупцијата и судирот на интереси, унапредување на образовниот процес, планирање и заедничко организирање на научни и стручни собири, практична настава (студентска пракса) за студентите, соработка во реализација на јавни дебати, работилници, конференции, и кампањи за подигање на јавната свест, останати активности од особен интерес на двете институции во насока на позитивен општествен развој.

Потписниците на овој Меморандум за соработка интензивно ќе соработуваат во насока на остварување на активностите предвидени во Меморандумот, а во насока на унапредување и проширување на соработката како со Правниот факултет така и со други научни и  образовни институции од земјата и странство.