Вие сте овде:

Соопштение за регистарот на избрани и именувани лица

Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно согласно последните измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата („Сл.весник на РМ“ бр. 28/02, 46/04, 126/06, 10/08, 161/08, 145/10, 97/15 и 148/15), води регистар на избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал, кој претставува единствена база на податоци за избрани и менувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал.
Спроведувајќи го законот, Државната комисија за спречување на корупцијата по изготвувањето на софтверското решение на Регистар на избрани и именувани лица, истиот го стави во функција на 12.06.2016 година што е во согласност со членот 15 од наведените измени, односно една година од неговото влегување во сила.
По ставањето во фуннкција на Регистарот, раководните лица на институциите и органите кои вршат избори и именувања или од нив овластените лица се должни во рок од 30 дена од започнувањето на примената на овој закон да ги достават до Државната комисија податоците од членот 35-г став (2) за избраните и именуваните лица кои во моментот ја вршат функцијата или должноста и за избраните и именуваните лица чија што функција или должност престанала.
Во периодот што следува, раководните лица на институциите и органите кои вршат избори и именувања или од нив овластени лица се должни податоците за лицата што ќе бидат избрани или именувани, со пополнување на образец (линк до апликацијата) (линк-Упатсво) да ги достават до Државната комисија без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на верификацијата на мандатот, изборот односно именувањето, како и по престанок на функцијата, односно должноста на избраното односно именуваното лице.
За успешно реализирање на обврските што произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, а се однесуваат на Регистарот на избрани и именувани лица, номинираните лица од институциите кое се овластени да даваат податоци за избрани и именувани лица, одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи или други правни лица кои располагаат со државен капитал, како и по престанокот на нивната функција, треба да пристапат кон пополнување и доставување на податоците во согласност со законот.

 

Со почит,
ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА