ДКСК во целост ги исполни препораките според извештајот „Националниот систем за интегритет на Македонија“, изготвен од Транспаренси Интернешнл – Македонија
Транспаренси Интернешнл- Македонија во 2016 година, во рамки на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, поддржан од Европската Унија, го подготви извештајот: „Националниот систем за интегритет на Македонија”, кој содржи анализа на состојбата со столбовите на интегритет на Македонија во однос на корупцијата и ефективноста на националните напори за справување со корупцијата. Со овој извештај е направена анализа и е дадена оценка за 15 столбови, кои се дел од државното уредување на земјата, а еден од 15-те столбови е и ДКСК.
Оценката се оформува според методологија подготвена од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл.
Во извештајот беа дадени препораки за унапредување и подобрување на работата на ДКСК, а подетални информации за постигнатите резултати се достапни на следниот линк: