
Државната комисија за спречување на корупцијата, поаѓајќи од заложбите за обезбедување на почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, ја усвои и ја имплементира Политиката за интегритет.
На ден 03 февруари 2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно дефинираната законска надлежност во член 8 и член 17, алинеја 18 од Законот за спречување корупција и судир на интереси, ја потпиша Политиката на интегритет.
Препознавајќи ја својата клучна улога како предводник во системот на интегритет, ДКСК, со усвојувањето на Политиката на интегритет, дава јасна насока и мотив за останатите институции за потребата од нивно влучување во процесот на антикорупциски политки.
Регистар за ризици – Извештај за проценка на ризиците од корупција
Заштита на јавниот интерес и спречување на судирот на интереси
- Политика на интегритет – ДКСК
- Правила за постапување со подароци, погодности и гостопримства во ДКСК
- Правилник за управување со судир на интереси и пријавување на дополнителен ангажман за службените лица во ДКСК