Државната комисија за спречување на корупција својата соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја започна во 2012 година и во рамки на неа беа реализирани бројни активности за унапредување на демократското управување и превенција на корупцијата во земјава, како и поттикнување на меѓународната соработка. Во 2020 година Државната комисија за спречување на корупција потпиша Меморандум за соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мисија во Скопје за спроведување на заеднички активности во периодот 2020-2022 година. Оваа рамка за соработка има за цел унапредување на практиките за спречување на корупцијата и зајакнување на системот на интегритет. Заедничките активности првенствено ќе бидат во согласност со принципите утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025, други национални стратешки документи, како и други поврзани активности. Заедничките активности, вклучително и роковите и другите детали за нивна реализација, ќе бидат утврдени дополнително во Годишни планови за активности договорени заеднички помеѓу Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Родова проценка на Државната комисија за спречување на корупцијата
Промовирање на
транспарентноста и отчетноста
во јавните институции

Промовирање на соработката преку добро
владеење во спроведувањето на
антикорупциската политика

Истражувања од перцепцијата за родовите форми на корупција во Република Северна Македонија – Сектори високо образование и јавна администрација
Извештај за ризиците од корупција во животната средина во Република Северна Македонија
Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија (EN, МК, AL)
Извештај на Партиципативната родова ревизија на Државната комисија за спречување на корупцијата