Обуки за имплементирање на системот на интегритет во министерствата и Владата на Република Северна Македонија
Во периодот 16-19 мај 2022 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), се одржаа обуки за имплементирање на системот на интегритет во сите министерства, вклучувајќи ја и Владата на Република Северна Македонија, преку Генералниот секретаријат.
Првично, ДКСК во втората половина на 2021 година ја донесе, а потоа и ја усвои Политиката на интегритет, заедно со Насоките за примена на политиката на интегритет за државните органи и институциите од јавниот сектор, со што даде насока и мотив за останатите институции за потребата од нивно влучување во процесот на антикорупциски политки.
Основната цел на ДКСК, во делот на надлежностите за воспоставување на системот на интегритет, поставена за 2022 година е да се поттикнат сите министерства, вклучувајќи ја и Владата, преку Генералниот секретаријат, да пристапат кон потпишување на „Политика за интегритет“ со што би се потврдила заложбата за воведување пакет политики и стандарди наменети за спречување на корупцијата и јакнење на интегритетот на централно ниво.
Во насока на остварување на поставената цел – имплементација на системот на интегритет, ДКСК ги повика институциите да номинараат лица за интегритет. Номинираните лица, откако се стекнаа со потребните знаења преку обуката, ќе го воведат системот на интегритет во нивните институции.
Следните чекори на ДКСК во делот на имплементација на системот на интегритет се однесуваат на проверка и следење на исполнетоста на стандардите/елементите на интегритет на институциите кои успешно ја поминаа обуката за имплементација на системот на интегритет, согласно потпишаните политики на редовна основа, со цел успешна имплементација на системот на интегритет во делот на институциите на централната власт, како една од најефективните алатки во превенцијата од корупцијата.