ОДРЖАНА ТЕМАТСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА СЕКТОР УРБАНИЗАМ И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ, ВО ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2026-2030 ГОДИНА
Во рамки на подготовките за новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Државната комисија за спречување на корупцијата на 25.11.2025 година, со поддршка на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” финансиран од Европската Унија, одржа целодневна тематска работилница, на која, врз основа на претходно утврдените визија, стратешки цели и клучни проблеми, беа креирани мерки и активности за надминување на приоритетните проблеми, како и надлежни институции за нивна реализација, во секторот УРБАНИЗАМ И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ.
На работилницата беа поканети претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор и медиуми, кои дадоа значаен придонес во потврдување на претходно детектираните проблеми и ризици, утврдување на нови ризици, како и утврдување на мерки, активности и надлежни институции за нивна имплементација.
Согласно Методологијата за изготвување на Националната стратегија 2026-2030, Државната комисија во следниот петгодишен период ќе се фокусира на две хоризонтални области, Јавни набавки и Надзор над спроведување на законите, како и на пет вертикални сектори и тоа: Правосудство, Здравство, Урбанизам и просторно планирање, Животна средина, енергетика и природни ресурси и Транспорт и инфраструктурни објекти.
Во следниот период, Државната комисија секојдневно ќе одржува целодневни работилници за секоја област/ сектор, на кои ќе бидат идентификувани приоритетни проблеми кои генерираат висок степен на корупција, а за нивно надминување ќе бидат креирани мерки и активности, како и надлежни институции за нивна реализација.

















