ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ КРАТКОРОЧЕН ЕКСПЕРТ
Националниот демократски институт (NDI), преку проектот „Integrity Driven Communities” (финансиран од Швајцарија и Шведска), бара експерт кој ќе ја поддржи Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во изработка на Методологија за следење, евалуација и известување за спроведувањето на Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси 2026-2030 (НС2026-2030).
Ангажман: краткорочен, до 15 работни дена.
Главни задачи: анализа на релевантни документи, изработка на методологија со индикатори за мерење годишен напредок, предлог-рамка за следење (транспарентност, одговорност, мерливост), предлог-модели за годишни и финален извештај, Excel-табели, како и предлози за дигитална алатка/платформа за јавно информирање во реално време.
Резултати (deliverables): нацрт методологија, нацрт-темплејти/анекси, модели за годишен и финален извештај, Excel табели, предлози за дигитален систем.
Рок за аплицирање: пријавите се доставуваат по е-пошта на ndimacedonia@ndi.org, најдоцна до понеделник, 3 август 2026 година, 23:59 часот.
Линк до повикот: https://www.facebook.com/share/p/19H9Fsk7Na/















