
Државната комисија за спречување на корупцијата овозможува двостепен систем на следење на примената на системот за интегритет, на ниво на самата институција, и од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Целта на следењето на системот за интегритет е да се утврди ефикасноста на применетите политики и процедури кои овозможуваат доследна примена на стандардите за интегритет, како и за мерење на резултатите од применетите мерки за намалување на ризиците од корупција. Процесот за следење и известување за примената на системот за интегритет го координира лицето за интегритет.
Сите државни органи и институции од јавен сектор и единиците на локалната самоуправа се обврзуваат на соработка со ДКСК овозможувајќи ѝ да го следи спроведувањето на системот за интегритет.
Извештај од спроведено следење на примената на системот за интегритет за 2024 година
Извештај од спроведен мониторинг на примената на системот за интегритет
Извештај за имплементација на политика за интегритет од 5 пилот институции
Методологија – Секторска проценка на ризик по интегритетот и корупцијата