Студиска посета на претставници на ДКСК во Агенцијата за спречување корупција на Црна Гора во организација на ReSPA
На ден 8-9 јуни 2023 година претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) престојуваа во Подгорица, Република Црна Гора, како гости на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора (АСК), во рамките на Студиската посета како дел од Програмата за шема на мобилност, организирана и поддржана од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA).
Програмата за шема за мобилност има за цел да придонесе за размена на искуства и добри практики со цел општ и професионален развој на вработените во јавниот сектор.
Од страна на службениците на АСК на Црна Гора беа презентирани искуства во спроведување на обуки, како и организирање едукативни активности за различни целни групи за надлежностите на институцијата, во врска со спроведувањето на јавни кампањи насочени кон подигање на нивото на свест за корупција.
Претставниците на ДКСК беа запознаени и со Стратешкиот план на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора (АСК) за периодот од 2022 до 2024 година и Стандардот за управување со квалитет ISO 9001:2015.