Учество на Билатерлниот скрининг состанок за поглавје 25, „Наука и истражување“
Претседателката на ДКСК Билјана Иваноска беше дел од делагацијата на Република Северна Македонија која учествуваше на билатералниот скрининг состанок за поглавје 25, „Наука и истражување“ кој се одржа на 28.04.2023 година во Брисел, Белгија.
Делегацијата на Република Северна Македонија беше предводена од Заменик претседателот на Владата Бојан Маричиќ, и во истата покрај претседателката на ДКСК Билјана Ивановска учествуваа претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој, Државниот завод за индустриска сопственост и експерти од академската средина.
На состанокот беше презентирана правната рамка, нивото на усогласеност, институционалната рамка и идните планови во областите: наука, политики за истражување и иновации, аспект на рамнотежа меѓу половите, концептот на отворена наука, заштита на индустриската сопственост во контекст на истражување и развој, учество во програми на Европската унија и соработка со други европски и меѓународни мрежи, тела и агенции.