Соопштение
Во врска со поставеното прашање од повеќе медиуми, дали ДКСК ќе продолжи со постапување по предметите поврзани со Драги Рашковски, ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК.