ИЗВЕСТУВАЊЕ за завршување на изборен процес за Локални избори 2021 година
Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека на веб страницата на Државната изборна комисија на ден 09.11.2021 година објавено е Известување за завршување на изборниот процес за Локалните избори 2021 година, а кое Државната комисија го објавува во целост:
„Државната изборна комисија информира дека согласно член 2 точка 21 од Изборниот законик, изборниот процес за избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје за Локалните избори 2021 година заклучно со 8 ноември 2021 година е завршен, освен изборниот процес за избор на градоначалник во Општина Дебар.“