Известување
Државната комисија за спречување на корупцијата известува дека почнувајќи од 31 мај 2021 година (понеделник) ќе започне со работа во новиот објект на адреса Пресвета Богородица број 3 (спроти црквата Пресвета Богородица) .
Поради тековните активности поврзани со преселување на институцијата и нејзино ставање во функција во новиот објект, поднесоци (пријави , анкетни листови и другo) до ДКСК може да се поднесуваат на електрoнската адреса contact@dksk.org.mk или на Пријавница во ДКСК на приземје во новиот објект на адреса Пресвета Богородица број 3.