ЕУ ИПА 2 ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Поддршка на ЕУ преку ИПА 2 за промовирање на транспарентноста и одговорноста во јавната администрација

Проектот „Промовирање на транспарентноста и одговорноста во јавната администрација“, финансиран од Европската Унија, поддржан преку програмата ИПА 2, обезбедува поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (АЗПСПИЈК), со цел зајакнување на нивната функционалност, а со тоа директно придонесување кон зголемување на интегритетот и етиката на јавните институции, како и подобрување на транспарентноста и отчетноста на јавната администрација. Процесот на имплементација на проектот е предвиден во периодот ноември 2019 до ноември 2022 година.

Проектот има 3 компонентики, каде компонентата 1 е наменета исклучиво за ДКСК како главен корисник. Дел од предвидените активности се насочени кон зајакнување на капацитетите на ДКСК и дадената поддршка беше за подобрување на функционалната поставеност, со цел поефикасно и поефективно извршување на редовните работни задачи кои се во надлежност на институцијата. Дополнителна поддршката преку овој проект се дава и со изработка на неколку софтверски решенија кои би служеле за подобрување на процесот на комуникација и следење на работата, што повторно придонесува за подобрување на ефективноста на работата на ДКСК.

Паралелно со процесот на градење на техничките капацитети на ДКСК, активностите што се реализираат се насочени кон јавните институции, но и кон пошироката јавност. Како производ од активностите, подготвена е Политика за интегритет, со збир на документи, со цел да бидат прифатени од јавните институции; спроведена е јавна кампања за да се подигне свеста за интегритетот на државните службеници и да се промовира позитивен контекст и заштита на укажувачите.

Имено, ДКСК е надлежна инстиуција за воспоставување на систем за управување со податоци, воведување електронски систем за следење на имотната состојба и интересите на избраните и именуваните лица, воспоставување електронска алатка за антикорупциско разгледување на законски и подзаконски акти, изготвување на платформа за е-учење, која ќе биде достапна за државните службеници и пошироката јавност. Во оваа насока, подготвена е апликација за зајакнување на свеста на граѓаните за спречување на корупцијата и апликација за следење на имплементацијата на акцискиот план на Националната стратегија за превенција и Борба против корупција и спречување судир на интереси 2021 – 2025 година.

Сите наведени активности и резултати кои произлегуваат од проектот на ЕУ „Промовирање на транспарентност и отчетност во јавната администрација“ се во корелација со европските вредности на доброто владеење и директно придонесуваат за зајакнување на институционалниот капацитет за борба против корупцијата, како и за промовирање и поддршка на спроведувањето на интегритетот со елементи на одговорност и етика.

Promoting Transparency and Accountability in Public Administration – Final Report