ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ПОВРЗАНИ СО ЛОБИРАЊЕ
Прашања и одговори поврзани со лобирање
1.Што е лобирање?
Лобирање е активност што се спроведува за да се влијае на политиките и одлуките на владата или институцијата во корист на одредена цел или исход.
Зборот потекнува од напорите да се влијае врз избраните функционери, генерално во фоајето/лобито надвор од парламентарното собрание.
Лобирањето во некоја форма е неизбежно во секој политички систем.
2.Зошто има потреба од регулирање на лобирањето?
Кога лобирањето е нетранспарентно и нерегулирано, може да доведе на пример до несоодветно влијание и нелојална конкуренција.
Кога е регулирано на транспарентен начин, лобирањето е легитимна можност за поединци и групи кои застапуваат приватни интереси да бидат вклучени во процесите на носење одлуки.
3. Кој може да биде лобист?
Секој кој сака да направи промена во општеството може да биде лобист или да се регистрира како лобист (види прашање 5).
4. Дали треба да се регистрирам за да лобирам?
Да, лобистите и лоби организациите мора да се регистрираат во посебниот регистар за лобирање со кој управува ДКСК.
5. Дали странски државјани можат да лобираат во Северна Македонија?
Да, странски правни и физички лица можат да лобираат под услов да се регистрирани како лоби организација или лобист (види прашање 5).
6. Дали поранешните избрани и именувани функционери можат да лобираат?
Да, тие можат да лобираат по три години од денот на завршувањето на нивниот мандат.
7. Која институција го регулира лобирањето во Северна Македонија?
Државната комисија за спречување на корупцијата го регулира лобирањето во Северна Македонија.
8. Дали лобистите треба да известуваат за нивната работа?
Лобистите и лоби организациите се должни да достават пишан извештај за своите активности.
9. Дали лобистите смеат да даваат подароци?
Лобистите и лоби организациите не смеат да примаат, даваат, ветуваат донации, подароци, услуги, влијание или други придобивки или предности.
10. Кои се казните за непочитување на одредбите од Законот за лобирање?
Лобистите како и избраните и именуваните функционери подлежат на парични казни. Висината на казната се движи помеѓу 200 – 1000 евра во денарска противвредност