На ден 14.08.2024 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Националниот демократски институт (НДИ) во Скопје потпиша Меморандум за соработка.
Со потпишувањето на денешниот меморандум, ДКСК и НДИ ги идентификуваа следниве цели за соработка:
– Унапредување на соработката на ДКСК со Меѓупартиската парламентарна група против корупција како и со собраниските тела во рамки на Собранието на РСМ, со цел посеопфатна анализа на годишните извештаи на ДКСК и анализа и идентификување на клучните ризици и предизвици;
– Соработка со цел подобрување на антикорупциската проверка на предлог – законите преку едукација на пратениците во рамки на Програмата за парламентарна подршка;
– Унапредување на дигитализацијата преку воведување на иновативни алатки и софтверски решенија;
– Заедничко унапредување на акциските планови за градење и одржување на интегритетна ЕЛС;
– Спроведување на обуки на лицата за интегритет во ЕЛС;
– Помош при избработка на извештаите за финансирање на изборните кампањи во соработка со Здружението за истражување и анализи ЗМАИ;
– Организирање на заеднички настани за информирање и презентација на клучни наоди за унапредување на интегритетот на изборите.
“Изборниот процес е исклучително важен процес од аспект на борбата против корупцијата – веќе докажавме дека можеме да бидеме сериозни партнери во оваа област, посебно во делот на обработка на податоци, согласно надлежностите доделени со Законот за спречувањето на корупцијата и изборниот законик, заеднички да работиме на посебните извештаи и нивната промоција, со цел подигнување на интегритетот во самиот изборен процес.
Секако, нашето партнерство со НДИ има иднина во креирањето и спроведувањето на антикорупциските политики и превенцијата на корупцијата, но, оставаме простор понатаму, денешната соработка дополнително да се унапреди и со заеднички напор да направиме позитивна промена во нашата работа и постапување.” изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.
Оваа соработка е овозможена со подршка на Швајцарската амбасада и National Endowment for Democracy.