Одржана менторска сесија со претставници на општините преку проектот “Заедници со интегритет “
Во рамки на проектот „ Заедници со интегритет “, на 9ти октомври 2025 година, беше организирана менторска сесија на тема „Судир на интереси и подготовка на интерен акт за управување со судирот на интереси“, наменета за лицата за интегритет и други претставници од партнерските општини вклучени во проектот: Битола, Гази Баба, Куманово, Штип, Боговиње и Струмица.
Целта на обуката беше да се зајакнат знаењата и капацитетите на учесниците за значењето на состојбата судир на интереси и процесот на управување со судирот на интереси, забраните и ограничувањата кај службените лица, законската рамка и улогата и одговорностите на службените лица.
На менторската сесија беа презентирани примери поврзани со актите за управување на судирот на интереси од досегашната пракса од постапување по конкретни предмети и беше остварена конструктивна дискусија помеѓу присутните.
Обуката ја спроведе Раководителот на Секторот за спречување на судир на интереси, следење на имотна состојба и интереси и лобирање во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Кате Здравковска.
Проектот „ Заедници со интегритет “ продолжува да работи со општините на унапредување на системите за интегритет преку континуирана едукација, менторство и поддршка во развојот и спроведувањето на интерни политики и процедури.
Проектот „ Заедници со интегритет “ е поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска, а го спроведува Националниот демократски институт (НДИ).
















