Одржани тракалезни маси по поединечни сектори од Националната стратегија 2021-2025
Во периодот од 07-11.03.2022 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржаа 12 тркалезни маси по поединечни сектори од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, на кои, во рамки на процесот на следење на остварувањто на активностите од Националната стратегија беа презентирани доставените извештаи од надлежните институции за степенот на реализација на активностите за кои рок за реализација беше крајот на 2021 година. Покрај извештаите и нивната евалуација од страна на ДКСК, тркалезните маси беа искористени за прибирање и дополнителни податоци за активностите, како и предлози за нивно зајакнување. Овие податоци ќе бидат искористени во процесот на ревидирање и евентуално изменување и дополнување на Акцискиот план, кој ДКСК ќе го спроведе откако Собранието на Република Северна Македонија ќе го усвои Годишниот извештај за спроведувањето на Националната стратегија за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година.
Годишниот извештај за спроведувањето на Националната стратегија, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК ќе го достави до Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 31.03.2022 година.