ОДРЖАН КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК ЗА СЕКТОРОТ ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГЕТИКА И ПРИРОДНИ РЕСУРСИ, ВО ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2026-2030
Во рамки на подготовките за новата Национална стратегија за спречување на корупцијата 2026-2030, Државната комисија за спречување на корупцијата, на 18.11.2025 година, со поддршка од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото” финансиран од Европската Унија, одржа консултативен состанок за секторот Животна средина, енергетика и природни ресурси кој ќе биде опфатен со новата Национална стратегија.
На состанокот, на кој беа поканети учесници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор, врз основа на претходно утврдените ризици од корупција, но и врз основа на искуството на учесниците во овој сектор, беа утврдени визија, стратешки цели и клучни проблеми, кои ќе бидат основниот фокус и патоказ за спроведување на следната фаза за подготовка на Националната стратегија во секторот.
Согласно Методологијата за подготовка на Националната стратегија 2026-2030, Државната комисија во следниот петгодишен период ќе се фокусира на две хоризонтални области, Јавни набавки и Надзор над спроведување на законите, како и на пет вертикални сектори и тоа: Правосудство, Здравство, Урбанизам и просторно планирање, Животна средина, енергетика и природни ресурси и Транспорт и инфраструктурни објекти.
Во следниот период, Државната комисија ќе одржи вкупно 14 целодневни работилници, по две за секоја област, на кои ќе бидат идентификувани приоритетни проблеми кои генерираат висок степен на корупција, а за нивно надминување ќе бидат креирани мерки и активности, како и надлежни институции за нивна реализација.


















