Онлајн обука за Секторска проценка на ризик по интегритет и корупција
Во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност на јавната администрација во Северна Македонија“, финансиран од ЕУ, а со поддршка на организацијата ПРАЈСВАТЕРХАУСКУПЕРС (PwC), на ден 16.03.2021 година, се одржа онлајн презентација и обука за Секторска проценка на ризик по интегритет и корупција (СПРИК).
Презентацијата ја одржа меѓународниот експерт Кристина Тарна, а од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата учествува Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и членовите на ДКСК, како и вработени во Секретаријатот.
На обуката, најпрво беше презентиран концептот за интегритет и препораки за понатамошен развој, а потоа следеше и презентација на Методологијата за секторска проценка на ризик по интегитетот и корупцијата, во која беа опфатени опсегот и фазите на Секторската проценка на ризик по интегритетот и корупцијата.