Потпишан Меморандум за соработка со Министерството за информатичко општество и администрација
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и Министерот за информатичко општество и админстрација Адмирим Алити на 02.11.2022 година потпишаа Меморандумот за соработка меѓу двете институции.
Со Меморандумот е предвидено интензивирање на соработката со цел унапредување, промовирање и поттикнување на процесот на обука на администрацијата во насока на подигање на свеста и унапредување на знаењето за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Исто така, предвидено е овозможување на взаемна поддршка и експертиза за поставување на модулите за е-учење од областа на спречување на корупцијата, судир на интереси, заштита на укажувачи, етика и интегритет, обезбедени од ДКСК, на електронската платформа за обуки, односно на веб порталот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација.
Претседателката Ивановска и министерот Алити изразија надеж дека меморандумот ќе донесе придобивки за зајакнување на интегритетот и транспарентноста на администрацијата и јавните институции.