Продолжува учеството на Државната комисија за спречување на корупцијата на билатералните скрининг состаноци
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска од 26 до 29 јуни 2023 година учествуваше на билатералните скрининг состаноци за поглавјето 14 „Транспортна политика“ и поглавјето 21 „Транс европски мрежи“, кои се дел од Кластер 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.
Скрининг состаноци за овие две поглавја имаа за цел да се презентира досегашното услогласување на законодавството на Република Северна Македонија со законодавството на Европската унија со посебен осврт на спроведените мерки, идните планови како и временските рокови за преземање на новото законодавство на ЕУ во оваа област.
На скриниг состаноците покрај Државната комисија за спречување на корупцијата учествуваа и претставници од неколку државни институции и тоа: Секретаријатот за европски прашања, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот транспортен инспекторат, Јавното претпријатие за државни патишта и Јавното претпријатие за железничка инфраструктура.