Промоција на Водич за интегритет на медиумите
Државна комисија за спречување на корупцијата на 15 декември 2023 година, беше дел од настан на УНДП, каде беше промовирано изданието „Меѓу предизвиците и решенијата – Водич за интегритет на медиумите во Северна Македонија“. Преку докажаното партнерство на Државна комисија за спречување на корупцијата и УНДП, беше создаден Водич, кој беше креиран преку широк консултативен процес и анализа на различни документи.
На настанот се обрати претседателката Билјана Ивановска, која гледајќи го медиумскиот интегритет од аспект на спречувањето на корупцијата, подвлече колку е важно да се управуваат ризиците од корупција и да се создаде позитивна медиумска политика, со цел соодветно и точно информирање и поддршка на истражувачкото новинарство. Се наврати и на потребата на целосно исполнување на сите препораки во врска со медиумскиот интегритет опфатени со Националната стратегија за спречувањето на корупцијата и интересите.
Главната цел на водичот е да се дефинираат основните предизвици и клучните решенија, како и да се поддржат професионалните медиуми во напорите за непристрасно известување и избегнување влијание од центрите на моќ.
Водичот за интегритет на медиумите е изработен во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со погрешни информации и родово базирани дезинформации“, кој UNDP MK го имплементира со финансиска поддршка на Данска, Луксембург, Република Кореја и Шведска, во рамки на програмата во рамки на програмата #FundingWindows на United Nations Development Programme – UNDP. Оваа активност од проектот се спроведува во партнерство со Државната комисија за спречување на корупцијата Избери интегритет / Zgjidh integritetin.