“Проценка на ранливост од корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво” – настан на 11-ти ноември 2021 година со почеток во 13:00 часот
Државната комисија за спречување на корупцијата во соработка со Транспаренси Интернешнл-Македонија, во рамките на проектот „Проценка на ранливост од корупција во државните институции и власти за просторно планирање, урбанизам и градежништво“, поддржан од УСАИД во рамките на Проектот за граѓанско учество, ќе биде дел од настанот за презентација на наодите од спроведените истражувања како дел од овој проект.
За ефективна борба против корупцијата во областа на просторното планирање, урбанизмот и градежништвото, неопходен е осврт на утврдените ранливости во институциите и процедурите кои доведуваат до зголемена корупција во овие области, презентација на извршената анализа и дискусија за преземање на следни чекори за превенција на корупцијата.
На настанот може да пристапите на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZYkdOGupz0tHNy9iDu0YtkM9p3geveM1mPs