Работна средба на ДКСК и Јавното обвинителство во пресрет на Локалните избори 2025
Државната комисија за спречување на корупцијата предводена од Заменик претседателката м-р Цвета Ристовска одржа работна средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, претседателот на Комисијата во Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности Џељаљ Бајрами и јавните обвинители во ЈОРСМ Анита Тополова Исајловска и Елвин Вели. На средбата учествуаа и членот на ДКСК Софија Спасова Медарска и Генералниот секертар Адем Чучуљ.
Средбата се одржа во насока на координација на активностите пред претстојните локални избори.
Заменик претседателката Ристовска и членот на ДКСК Спасова Медарска се осврнаа на активностите во однос на спроведувањето на законските надлежности на ДКСК поврзани со изборниот процес како и на предизвиците со кои се соочува комисијата во овој период.
Државниот обвинител Коцевски информираше за составот, надлежностите и активностите на Привремената комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
Обостано беше истакната подготвеноста за соработка на двете институции за време на изборниот процес.
На средбата стана збор и за активностите за изготвување на новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, пришто беше нагласена неопходноста за активно учество на Јавното обвинителство во работните групи за подготвување на истата.

