Се одржа првата обука/работилница на групата за самооценка, формирана во рамки на ДКСК за имплементација на ЦАФ2020
Државната комисија за спречување на корупцијата формираше работна група за имплементација на ЦАФ2020 моделот во ДКСК. Согласно планот за работа, на 12.12.2022 година, експертот Игор Марковски со поддршка на Славен Букарица од РеСПА одржаа обука/работилница на работната група за самооценка.
На обуката, членовите на работната група детално се запознаа со процесот на управување со квалитет со заедничката рамка за проценка – ЦАФ, видовите критериуми и подкритериуми, како и се спроведоа вежби за претстојниот ЦАФ прашалник. Овој прашалник – онлајн алатка ќе се одговара индивидуално од страна на членовите на работната група и има за цел да се детектираат силните страни, областите за подобрување и да се предложат активности за подобрување.
ЦАФ во ДКСК се имплементира со поддршка на in country механизмот на РеСПА и BACID III проектот.