Соопштение за јавност – одржана обука за потребите на Даночната Академија при Управата за јавни приходи
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) стои на ставот дека процесот на континуирана едукација претставува еден од клучните приоритети и алатки во справувањето со корупцијата и поттикнувањето на на етичко однесување, спречување на судир на интереси, создавање на услови за општествен развој, и поголема доверба на граѓаните во јавниот сектор.
Едукацијата директно придонесува кон воспоставување на транспарентен, ефикасен, економичен и одржлив систем на превенција од корупција.
Согласно истото, ДКСК, преку свои претставници, а во соработка со Даночната Академија при Управата за јавни приходи, организираше еднодневна обука за даночните службеници на раководни нивоа во подрачните единици на УЈП на ниво на држава.
Обуката беше одржана во просториите на Клуб на пратеници за реализација на обуката на 16.05.2022 година- понеделник од 10:30 до 15:00 часот, со физичко присуство.
Обуката ги опфати следните теми:
- Стручни методи и техники за распознавање и превенирање на непрофесионално, неетичко или коруптивно однесување на вработените,
- Методи и начини за подигање на свеста за етичко, професионално и антикоруптивно работење и постапување.
ДКСК има за цел да помогне во унапредување на целокупниот систем на интегритет во сите институции и утврдување на ефикасноста на применетите политики и процедури кои овозможуваат доследна примена на стандардите за интегритет и затоа, секогаш се става на располагање на институциите за спроведување на процес на едукација.