СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 20 и 21 ноември 2025 година спроведе напредни обуки за имплементирање на системот за интегритет за општинските администрации во две општини кои се дел од програмската поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје:
- Општина Брвеница – 20 ноември 2025 година
- Општина Старо Нагоричане – 21 ноември 2025 година

Обуките имаа за цел да го зајакнат институционалниот интегритет и отпорноста на корупција преку:
- подобрување на примената на Законот за спречување на корупција и судир на интереси,
- идентификација, анализа и управување со ризици,
- зајакнување на улогата на лицата за интегритет,
- користење практични алатки за развој, следење и ажурирање на имплементацијата на системот на интегритет.
Преку практични примери, студии на случај и интерактивни дискусии, учесниците од двете општини ги унапредија своите знаења и капацитети за воспоставување ефективни механизми за интегритет, транспарентност и отчетност.

ДКСК и Мисијата на ОБСЕ ќе продолжат да соработуваат во зајакнување на локалните самоуправи и поддршка на развојот на функционални системи за интегритет како дел од пошироките напори за превенција на корупцијата, владеење на правото и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

ДКСК останува посветена на поддршката и советодавната улога кон сите општини во државата во процесот на воведување и унапредување на интегритетните политики.














