Тркалезна маса на тема „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“
Државната комисија за спречување на корупцијата, на ден 17.03.2022 година (четврток), од 12.00 до 14.00 часот организира тркалезна маса на тема: „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“. Настанот ќе биде одржан во конференциската (свечена) сала во Владата на Република Северна Македонија.
Водејќи се од својата законска надлежност согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во континуитет работи на имплементација и унапредување на системот на интегритет на ниво на централна власт.
Преку оваа тркалезна маса, Државната комисија за спречување на корупцијата има за цел да ги зацврсти заложбите на институциите, во насока на целосно воведување на системот на интеритет, правилна имплементација на Законот за заштита на укажувачите и успешно исполнување на практичното упатство за правилата за ad-hoc откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата, како дел од препораките од петтиот круг на евалуација на Групата на држави против корупцијата – ГРЕКО.
На тркалезната маса ќе присуствуваат првите лица на институциите на извршната власт, а на настанот, учество ќе земат меѓународни експерти од областа.
Директен пренос од настанот, со овозможена јазичка поддршка, е овозможен на следниот линк:
https://us02web.zoom.us/j/87329546088?pwd=Wk8vSkttSmNCNGdJaWE5WGRXOVdBdz09
Настанот е подготвен во соработка на Државната комисија за спречување на корупцијата со ИПА II Проектот “Промовирање на транспарентноста и одговорноста во јавната администрација”, финансиран од Европската Унија.