Учество на работилница на тема “Еколошки криминал, корупција и перење пари во земјите од Западен Балкан”
ДКСК претставувана од Раководителот на одделението за следење на финансирањето на политичките партии, изборни кампањи и корупција во јавните набавки, м-р Катерина Зајковска, во периодот 23-24 септември учествуваше на работилница на тема „Еколошки криминал, корупција и перење пари во земјите од Западен Балкан“, која се одржа во Стразбур, во организација на Советот на Европа.
На работилницата беа презентирани клучни наоди од регионалната анализа за ризици од корупција и перење пари поврзани со еколошкиот криминал, а исто така се разгледуваше можноста овие ризици да се вклучат во национални или секторски проценки на ризик. Претставникот на ДКСК зема активно учество учество во делот на надлежностите и постапувањето на ДКСК во меѓуинституционалната соработка со останатите органи од областа животна средина и еколошки криминал.
Клучните препораки кои беа изнесени на работилницата се однесуваа на зајакнувањето на финансиските истраги, подобрувањето на меѓуинституционалната соработка и можноста за вклучување на поширок круг на засегнати страни во борбата против незаконските финансиски текови поврзани со еколошкиот криминал.
На настанот присуствуваа повеќе од 45 претставници од антикорупциски тела, органи од областа животна средина, обвинители, царински и гранични службеници како и претставници на граѓанското општество од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Овој настан е дел од континуираните напори на Советот на Европа за зајакнување на борбата против корупцијата и перењето пари во врска со еколошкиот криминал на Западен Балкан.
