Учество на работилница на тема „Истраги и санкции при финансирањето на политичките партии“, одржана во Прага, Чешка
Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата – Билјана Ивановска и Раководителот на одделението за следење на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и корупција во јавните набавки – Катерина Зајковска во периодот од 19-20 април 2023 година, на покана на Меѓународната организација IFES, присуствуваа на работилница која се одржа во Прага, Чешка, на тема „Истраги и санкции при финансирањето на политичките партии“.
На работилницата учествуваа претставници од институции и органи од неколку европски држави, кои имаат надлежност за следење на финансирањето на политичките партии и изборни кампањи.
![](https://dksk.mk/wp-content/uploads/2023/05/image.png)
![](https://dksk.mk/wp-content/uploads/2023/05/image-1.png)
![](https://dksk.mk/wp-content/uploads/2023/05/image-2.png)
![](https://dksk.mk/wp-content/uploads/2023/05/image-3.png)