Учество на Регионална конференција „Југоисточна Европа заедно против корупцијата – Развивање на регионална отпорност“
Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи учествуваа на Регионалната конференција „Југоисточна Европа заедно против корупцијата – Развивање на регионална отпорност“, која се одржа на 20 февруари 2024 година во Сараево, Босна и Херцеговина.
Регионалната конференција се одржа во организација на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) во соработка со Бирото на Обединетите нации за дрога и криминал (УНДОЦ) и со поддршка на Австриската агенција за развој (АДА), по повод имплементацијата на 3-годишната регионална програма „Југоисточна Европа – Заедно против корупцијата“.
Конференција послужи како повод за евалуација на колективните достигнувања и напори во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа, како и размена на идеи за идни одржливи антикорупциски активности.
Во рамки на првиот панел на Конференција – Зајакнување на системите за обелоденување средства преку зајакнати регионални соработки, учествуваше членот на ДКСК Билјана Каракашова Шулев при што се дискутираше за значењето на Меѓународниот договор за размена на податоци за верификација на изјавите за имотна состојба, правната рамка која се воспоставува за размена на податоци за имотна состојба и соработка меѓу телата за интегритет од земјите потписнички, како и можните предизвици кога ќе отпочне имплементацијата на истиот.