16-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 16-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 28.03.2025 година (петок), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 15-та седница на ДКСК, одржана на 21.02.2025 година;
- Годишен извештај за работата на ДКСК за 2024 година;
- Годишен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2024 година до 31.12.2024 година;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози;