28-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 28–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 17.02.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 27-та седница на ДКСК;
- Усвојување на посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија 2025 година;
- Избор на заменик – претседател на Државната комисија;
- Постапување по предмети;
- Прашања и предлози;
- Постапување по пријави од укажувачи.














