97-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 97–та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 27.12.2023 година (среда), со почеток во 10:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 95-та седница на ДКСК од 15.11.2023 година, Предлог записник од првото продолжение од 95-та седница на ДКСК од 17.11.2023 година и Предлог записник од 96-та седница на ДКСК од 27.11.2023 година;
- Програма за работа на ДКСК за 2024 година;
- Годишен план за следење на имотната состојба и интересите за 2024 година;
- Годишен план за антикорупциска проверка на легислативата за 2024 година;
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотната состојба и интересите;
- Функционална анализа на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- Антикорупциска програма за јавни претпријатија и АД во државна сопственост;
- Усвојување акти огласно Законот за заштита на личните податоци;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози;
- Постапување по пријави од укажувачи;