Национална стратегија 2021-2025

Национална стратегија 2021-2025

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ СО АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ 2021-2025(донесена од ДКСК на 10.12.2020 година)

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ СО АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НЕЈЗИНО СПРОВЕДУВАЊЕ 2021-2025 – Пречистен текст (донесена од ДКСК на 04.08.2023 година), се чека усвојување од Собрание на РСМ

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА НС 2021-2025 (донесена од ДКСК на 04.08.2023 година), се чека усвојување од Собрание на РСМ


ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2021 – 2025 за период 01.01.2023 – 31.12.2023

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2021 – 2025 за период 01.01.2022 – 31.12.2022

Одржани работилници за прибирање материјал за изменување и дополнување на НС2021-2025

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ 2021 – 2025 за период 01.01.2021 – 31.12.2021


АНТИКОРУПЦИСКА ПРОГРАМА ЗА ЈП И ТД ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ И ГРАДОТ СКОПЈЕ 2024-2025

Државната комисија за спречување на корупцијата, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), на седницата одржана на 27.12.2023 година донесе Антикорупциска програма за јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост и сопственост на општините и градот скопје 2024-2025 со акциски план. Оваа активност беше спроведена во насока на исполнување на активност од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 (НС2021-2025): Сектор 5.12 Јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата и на локалната самоуправа, Проблем 2. Недостиг на системски пристап за превенција од корупција во претпријатија во сопственост на државата и ЕЛС, Мерка 1. Воведување и имплементација на антикорупциска програма за претпријатијата во доминантна сопственост на државата и ЕЛС, Активност „1.1. Изготвување на антикорупциска програма за претпријатијата во доминантна сопственост на државата и ЕЛС“.

Во рамки на спомената мерка од НС2021-2025, освен активноста 1.1, за која надлежна институција за нејзина реализација е ДКСК, предвидени се и следните две активности: „1.2. Усвојување на антикорупциската програма за претпријатијата во доминантна сопственост на државата и ЕЛС од страна на Владата“ и „1.3. Воспоставување на ефикасен мониторинг на примената на програмата“, за кои како надлежна, односно задолжена институција за нивна реализација е означена Владата на Република Северна Македонија.“

АНТИКОРУПЦИСКА ПРОГРАМА ЗА ЈП И ТД ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ И СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ И ГРАДОТ СКОПЈЕ 2024-2025


Одржани тракалезни маси по поединечни сектори од Националната стратегија 2021-2025

Во периодот од 07-11.03.2022 година, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата се одржаа 12 тркалезни маси по поединечни сектори од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025,  на кои, во рамки на процесот на следење на остварувањто на активностите од Националната стратегија беа презентирани доставените извештаи од надлежните институции за степенот на реализација на активностите за кои рок за реализација беше крајот на 2021 година. Покрај извештаите и нивната евалуација од страна на ДКСК, тркалезните маси беа искористени за прибирање и дополнителни податоци за активностите, како и предлози за нивно зајакнување. Овие податоци ќе бидат искористени во процесот на ревидирање и евентуално изменување и дополнување на Акцискиот план, кој ДКСК ќе го спроведе откако Собранието на Република Северна Македонија ќе го усвои Годишниот извештај за спроведувањето на Националната стратегија за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година.

Годишниот извештај за спроведувањето на Националната стратегија, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК ќе го достави до Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 31.03.2022 година.


Методологија за проценка на интегритетот во ранливите сектори (Индекс на интегритет)

Квалитативна анализа на ранливите сектори утврдени со НС 2021 – 2025


Национална стратегија 2020-2024

Методологија за проценка на ризиците од корупција

Проценка на ризиците од корупцијa

Методологија за изготвување на национална стратегија за спречување на корупцијата и судир на интересите


 

Консултативен процес за Националната стратегија 2020-2024

Почитувани,

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, е надлежна институција да донесе петгодишна Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со акционен план за нејзино спроведување. За остварување на оваа надлежност, ДКСК го координира целокупниот процес на изготвувањена Стратегијата и акциониот план. Со оглед дека постојната Државна програма за превенција на корупцијата и судирот на интереси се однесува на периодот 2016-2019, ДКСК во текот на август 2019 година, со поддршка на УСАИД,  ги започна подготвителните активности за изработка и донесување на новиот антикорупциски стратешки документ што се однесува на периодот 2020 – 2024 година. За таа цел е формирана широка работна група со претставници од релевантните јавни институции, приватниот, граѓанскиот сектор и медиумите, како и експерти. Во периодот септември – декември 2019 година беа одржани три тродневни работилници на работната група, чијашто практична работа се одвиваше во подгрупи што покриваа конкретни сегменти односно сектори од општествениот систем. Како резултат на овие работилници, но и на одржани дополнителни состаноци со институции и засегнати страни за конкретни прашања од нивниот домен, изготвена е нацрт Национална стратегија  за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024, со акционен план за нејзино спроведување (Нацрт стратегија).   

Меѓународните практики и стандарди од оваа област повикуваат, како што впрочем и Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата наложува во членот 5, на потребата од вклучување на општеството во развивањето на координирани антикорупциски политики. Заради тоа ДКСК смета дека, иако во изготвувањето на мерките и активностите од акциониот план беше применет партиципативен пристап и беа целосно вклучени сите општествени сегменти, сепак  Стратегијата пред  да биде донесена треба да биде ставена на увид и коментари на јавноста. Консултативниот процес започнува на 27 декември 2019 година со што заинтересираните страни и граѓаните имаат можност да ги доставуваат своите коментари на Нацрт стратегијата заклучно со 08 јануари 2020 година.

Очекуваме коментарите да се во насока на подобрување на постојните или предлагање на нови антикорупциски мерки и активности во Акциониот план на Нацрт стратегијата. Поради тоа препорачуваме:

  • Коментарите да ги внесете директно во утврдените сектори во Акциониот план 2020-2024 користејќи track changes или текст во црвена боја.
  • Доколку сметате дека има потреба од предлагање на нова мерка и последователни активности, може да го користите празниот образец што е даден во прилог насловен како „Нова мерка и активности“. При тоа задолжително наведете во горниот дел од образецот за кој сектор се однесува предлогот.
  • Заради полесен увид во Акциониот план 2020-2024 користете го следниот преглед на сектори опфатени во Нацрт стратегијата:
    • Јавни набавки
    • Вработување
    • Политички систем
    • Правосудство
    • Органи за спроведување на законот
    • Здравство
    • Образование
    • Труд и социјална политика
    • Урбанизам и просторно планирање
    • Животна средина
    • Спорт
    • Економија и бизнис
    • Јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата и локалната самоуправа
    • Медиуми и граѓанско општество

Откако ќе бидат разгледани вашите прилози кон Акциониот план 2020-2024, коментарите што ќе бидат прифатени ќе бидат соодветно вклучени и во текстуалниот дел од Националната стратегија од страна на работната група на ДКСК. Доколку сакате да дадете коментари на текстуалниот дел од Националната стратегија, тоа може да го направите на образецот даден во прилог насловен како „Коментари на Националната стратегија

Забелешка: коментарите, забелешките и  дополнувања на Акциониот план 2020-2024 внесете ги на следниот начин:

  1. Отворете го word документот Акционен план 2020-2024
  2. Сочувајте го на вашиот компјутер со користење на “save”
  3. Откако ќе ги внесете ваштите коментари, забелешки, дополнувања користејќи track changes или текст во црвена боја, сочувајте ги во документот и истиот доставете го на следната електронска пошта nacionalna_strategija@dksk.mk
  4. Доколку предлагате нова мерка и активности, откако ќе ги внесете во образецот „Нова мерка и активности“, доставете го до истата електронска пошта.

По разгледување на коментарите и конечното усогласување на Нацрт стратегијата што ќе се одвива во периодот од 09 до 15 јануари 2020 година, ДКСК на седница ќе ја донесе Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024, со акционен план за нејзино спроведување. Потоа, најдоцна до 17 јануари 2020, согласно член 18 став (3) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК ќе ја поднесе Националната стратегија до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување.


Национална Стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси v1.0

Акционен план 2020-2024

Нова мерка и активности

Коментари на Националната стратегија