82-та седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Сл. весник на РМ бр.12/19) и членот 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Заменик претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, ја донесе следната
ОДЛУКА
за свикување на 82-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 14.02.2023 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, преку ZOOM комуникациската платфoрма, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог – записник од 80-та седница на ДКСК од 18.01.2023 година;
- Правилник за формата и содржината на образецот за податоци на избрани и именувани лица;
- Правилник за содржината, формата и начинот на водење на Регистарот на избрани и именувани лица;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози.