Прва (конститутивна) седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 7 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе:
ОДЛУКА
за свикување на Прва (конститутивна) седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 16.02.2024 година (петок), со почеток во 12:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Избор на Заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.
- Состојба на предмети на ден 08.02.2024 година.
- Активности во врска со надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата за време на изборниот период.
- Разно.