Втора седница на ДКСК
Врз основа на член 22, 32 и 33 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе:
ОДЛУКА
за свикување на втора седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 10.04.2024 година (среда), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата на ул „Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
1. Постапување по доставен приговор од учесник во изборна кампања за избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024 година:
– Приговор број 12-1330/1 од 05.04.2024 година, поднесен од подносител: За изборна кампања – Претседателски избори 2024 година – Гордана Сиљановска – Давкова, кандидат за претседател, застапувана од Владимир Нелоски;