МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ТИРАНА – ОД РЕГИОНАЛНИ ОБВРСКИ ДО ЗАЕДНИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ
Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ и членот на ДКСК Катерина Зајковска, учествуваа на Меѓународната конференција насловена „Од регионална соработка до заедничко дејствување: Зајакнување на интегритетот и борбата против корупцијата во Југоисточна Европа“ која се одржа во Тирана, Албанија на 15-ти октомври 2026 година.
Настанот на високо ниво, се одржа во рамките на Берлинскиот процес, под претседателство на Црна Гора во 2026 година и истиот обедини регионални и европски лидери, креатори на политики, практичари во областа на спречувањето на корупцијата, претставници на граѓанското општество со заедничката цел: зајакнување на интегритетот и унапредување на соработката во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа.
Неопходноста од поинтензивна регионалната соработка, зајакнувањето на независните институции и усогласување на реформите со европските стандарди, справување со новите ризици од корупција, промовирање на интегритетот на локално ниво и истражување иновативни пристапи кон превенцијата и важноста за претворање на заедничките приоритети во практични решенија беа главните пораки на конференцијата.
Настанот беше организиран од Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI), во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation, Владата на Албанија и Министерството на државата за јавна администрација и борба против корупцијата на Албанија, со поддршка на Австриската агенција за развој (ADA) – Меѓународни партнерства Австрија и Амбасадата на Швајцарија во Албанија.

















