СООПШТЕНИЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека електронскиот систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси е повторно ставен во функција.
Имено, поради активности на Управата за јавни приходи за надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги, на 29 и 30.08.2024 година, електронскиот систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси не беше во функција поради поврзаноста на истиот со е-ПДД системот.
Благодариме за разбирањето,
ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА