Единаесетта седница на ДКСК
Врз основа на член 22 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.12/19) и член 9 од Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, донесе
ОДЛУКА
за свикување на 11-та седница на
Државната комисија за спречување на корупцијата
Седницата ќе се одржи на ден 02.12.2024 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, преку ZOOM комуникациската платформа, со следниот предлог
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог записник од 10-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата одржана на ден 08.11.2024 година;
- Изменување на Деловникот за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата;
- Извештај од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на Уредбата за утврдување на поблиските критериуми за начинот на утврдување на висината на остварување на право на додаток на плата;
- Постапување по конкретни предмети;
- Прашања и предлози;