ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА И ПОДДРШКАТА НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА СИСТЕМОТ НА ИНТЕГРИТЕТ ВО ЕЛС
Скопје, 30 мај 2025 – Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа настан посветен на зајакнување на соработката заради подобра имплементација на системот на интегритет во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС).

Настанот беше организиран во рамки на континуираната соработка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел унапредување на транспарентноста, етичките стандарди и интегритетот на локално ниво преку дигитални алатки и иновативен пристап.

Поздравни обраќања на настанот имаа Наталиа Русу, Раководител на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Адем Чучуљ, Генерален секретар на ДКСК. Обострано беше акцентирана важноста на отчетноста на единиците на локалната самоуправа, како исклучително важен партнер во борбата против корупцијата.
На настанот беше изработена и СВОТ анализа за идентификување на слабостите и ризиците во работењето на општините, а со цел подобрување на комуникацијата со ДКСК.

Во рамки на настанот беше направена ретроспектива на досегашните успеси во имплементацијата на системот за интегритет, а воедно, се презентираа и сите алатки кои ги содржи ИТ платформата – Комуникацискиот портал на ДКСК – алатка која служи како поддршка и средство за размена на информации, добри практики и континуирана комуникација помеѓу сите чинители во мрежата за интегритет во ЕЛС.
Беше заклучено дека постојат можности за понатамошно унапредување на соработката, транспарентноста и координацијата на активности помеѓу локалните самоуправи и ДКСК, посебно преку унапредување на дигиталните алатки.

Настанот претставува уште еден доказ за континуираната посветеност на ДКСК, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ЕЛС, а истровремено е и значаен чекор кон зацврстување на културата на интегритет на локално ниво и поттикнување на активна и одговорна улога на институциите во борбата против корупцијата.