Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, денеска учествуваше како говорник на СЕЛДИ Форумот 2026 во Подгорица, Црна Гора, посветен на темата „Градење демократска отпорност во Западен Балкан – од заробување на државата до дигитален суверенитет“.
Форумот, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и регионалната мрежа СЕЛДИ, обедини претставници на институциите на Европската Унија, носители на одлуки, антикорупциски и безбедносни експерти, граѓански организации и истражувачи од Југоисточна Европа. Овогодишниот форум се одржа како придружен настан на состанокот на министрите за внатрешни работи во рамките на Берлинскиот процес.
Претседателот Чучуљ се обрати на панел-дискусијата „Справување со заробувањето на државата во Западен Балкан – антикорупциски реформи и институционална отпорност“, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат антикорупциските институции при извршувањето на нивните широки надлежности.
Во своето излагање, тој посочи дека широкиот мандат на ДКСК е истовремено нејзина сила и сериозен предизвик. ДКСК треба навремено да постапува по конкретни предмети, но и да ги препознава причините и слабостите во системот што овозможуваат коруптивните појави да се повторуваат. Затоа е неопходна внимателна рамнотежа меѓу постапувањето по предмети, превенцијата, едукацијата, анализата на законодавството, следењето на антикорупциските политики и градењето институционален интегритет.
Осврнувајќи се на Берлинскиот процес и европската реформска агенда, претседателот Чучуљ истакна дека регионалната соработка, економското поврзување, инфраструктурниот развој и борбата против организираниот криминал не се можни без професионални, независни и отпорни институции што ги применуваат законите непристрасно и го штитат јавниот интерес.
Учеството на претседателот Чучуљ на СЕЛДИ Форумот е придонес на ДКСК кон регионалниот дијалог, размената на искуства и заедничките напори за спречување на корупцијата, јакнење на демократските институции и унапредување на реформите поврзани со Берлинскиот процес и европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
Share
ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИЗЈАВА ЗА ИМОТНА СОСТОЈБА И ИНТЕРЕСИ
ПРИЈАВА ЗА СОМНЕВАЊА ЗА НЕЗАКОНИТОСТИ И ПРЕКРШУВАЊА НА ЗАКОН ВО ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС, ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА БРВЕНИЦА